Вести Култура

„Стан 54“ – нова премиера на Штипскиот театар

Во Народниот театар – Штип вo петок, на 13 декември, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава  „Стан 54“ чиј  автор е  Никола Кузелов, а во колективна режија, информираа денеска од Народниот театар – Штип.

Кузелов вели дека станува збор за научно-фантастична трагедија во која се разработуват предизвиците со кои се соочува  современиот човек,  вештачката интелигенција, но и како таа влијае за луѓето помеѓу себе да се оттуѓат и отфрлат.

Дејството на претставата се случува во стан со реден број 54. Освен брачниот пар кој живее во станот, силното невреме ќе ги затече сосетката и продавачот кои случајно се нашле таму. Тогаш сите заедно одлучуват да живеат таму и да глумат семејство. Во претставата играат: Никола Кузелов, Ања Митиќ, Нела Павловска, Виктор Велевски, драматург е Весна Куслеска.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе