Вести Култура

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во понеделник на 16ти декември 2024 година со почеток во 20 часот во Националната галерија објект „Мала Станица ќе се отвори самостојната изложба на младата мултидисциплинарна уметница Мила Добревска Ескапизам: Меморијата и идентитетот”. 

Мила Добревска неодамна магистрираше на Академијата за ликовни уметности во Равена, Италија со специјализација во современ мозаик. Таа е активен член на Друштво на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ и МАРТЕ Асоцијацијата за современ мозаик

Досега младата македонска уметница имала бројни групни изложби и учество на натпревари на интернационално ниво, од кои ги издвојува презентациите на нејзините дела во Италија, Франција, Шпанија, Србија, Полска, Словенија и Македонија: Националниот музеј на Равена, Manica Lunga- Biblioteca Classense во Равена, Teatro Sperimentale во Пезаро, Националната уметничка галерија Чифте амам во Скопје, Музејот на современа уметност во Скопје, Паратисима во Торино и „Chapelle du lycée Fulbert“ во Шартр, Франција.

Добревска има реализирано три самостојни изложби од кои првата беше во МКЦ, Скопје во 2022 година, а во 2024 година ги реализираше изложбите во галеријата Пионери Арт Платформво Барселона и во Св. Станислава институтотво Љубљана, Словенија

Делата на Мила одекнуваат со живописни бои и текстури, црпејќи инспирација од народниот вез и колективната енергија на македонската култура. Овие елементи се испреплетуваат за да ја прикажат двојноста на ескапизмот мали паузи на задоволство или големи мечтаења полни со надеж. Делата не се само визуелно уживање, туку и покана за размислување: Дали ескапизмот е само бегство, или е и пат за рефлексија и лична трансформација? Како традициите, кои некогаш биле прибежиште, стануваат дел од нашиот модерен идентитет? Што значат обредите и уметноста во контекст на современите човечки занеси“?“ – вели кураторот Јовановски

  • Во програмската белешка за изложбата кураторот Стефан Александар Јовановски вели: „Обредите, традициите и начинот на славење отсекогаш биле дел од нашата културна и лична приказна. Тие не само што ги поврзуваат генерациите, туку претставуваат и форма на ескапизам моментална пауза од секојдневието и бегство во светот каде што симболиката, редот и заедничкото ја надминуваат индивидуалната реалност. Ескапизмот е универзална човечка желба да се оддалечи од барањата на реалноста и да се најде прибежиште во имагинацијата, соништата и моментите на блаженство. Без разлика дали тоа е преку краткотрајна мечта, ритамот на танцот или живописните шари на народната традиција, ескапизмот ни овозможува моментално да го надминеме обичното и да се поврземе со нешто поголемо нашето внатрешно јас, со културните корени или дури и со нашите најголеми фантазии“. 

  • Стефан Александар Јовановски истакнува дека самостојната изложба на Мила Добревска Ескапизам: меморија и идентитетго истражува човековиот копнеж за ослободување преку живи, емоционално наполнети дела инспирирани од македонското наследство и модерната интроспекција. Во делата на Мила, Јовановски појаснува дека: „Ескапизмот станува мост меѓу минатото и сегашноста. Македонските традиции, како орото или сложените дезени на везовите, со генерации служеле како бегство, нудејќи радост, заедништво и отпорност во тешки времиња. На сличен начин, нејзините смели и контрастни композиции нè повикуваат да размислиме како денес создаваме моменти на занес преку уметност, имагинација или саморефлексија.

Изложбата на младата уметница Мила Добревска е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и КомшиLOOK. Во поканата за публиката Мила Добревска додава дека по отворањето на 16. декември во 20 часот, делата проткаени со уметност, истражување и интроспекција на Ескапизам: Меморијата и идентитетотшто ќе ве инспирираат да ги прегрнете сопствените бегства ќе бидат изложени до 22 декември во галеријата Мала Станица“. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе