Култура

Премиера во МНТ по текстови на Горан Стефановски

На сцената на Македонскиот народен театар на 16 и 17 декември ќе се одржи премиера на претставата „Замисли нов свет“. Работена е според седум текстови и извадоци од интервјуа на нашиот драматичар Горан Стефановски кои што за теми ги имаат идентитетот, јазот меѓу генерациите и општествените аномалии. Драматизацијата ја направи Ана Ристоска-Трпеноска, а режијата ја потпишува Нела Витошевиќ. Во претставата играат актери од МНТ, од Драмски и млади кои допрва ќе бидат вработени, а по 20 години на сцената се враќа и актерката Верица Недеска. Продуцент на претставата е Сектор Филм, а таа е копродукција меѓу МНТ и Телеком.

„Особено ни е важно МНТ да создава и продуцира дела кои што се од самофинансирање , или се поддржани од големи компании како што е Телеком. Тоа ни е од особено значење, бидејќи е значаен пример дека театарот може , освен од државната каса т.е. од Министерството за култура, да наоѓа и алтернативни начини на самофинансирање“, рече Никола Кимовски, в.д. директор на МНТ.

„Сакавме да ја подвлечеме моќта на приказната и моќта на театарот, да создава нови и поинакви приказни. За таа цел одбравме неколку сцени -7 од култни дела на Горан Стефановски, од првата фаза од неговото творештво и една драма, да речеме од втората фаза“, кажа Нела Витошевиќ, режисерка на претставата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лауреат на наградата „Мето Јовановски“ е Лазар Ристовски- Четврто издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Дејан Дејан

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе