Вести Култура

Агенцијата за филм му должи на тимот на фестивалот „Браќа Манаки“ околу 174.000 евра за јубилејното 45-то издание

Поминаа повеќе од два месеца од одржување на 45-от ИФФК „Браќа Манаки“, а Агенцијата за филм сѐ уште не ги подмирила обрските кон фестивалот во висина од 10700,000 денари или околу 174.000 евра за јубилејното издание. Во писмен допис до јавноста од тимот на фестивалот велат дека годинашното издание го реализирале без денар од Агенцијата за филм, единствено на добра волја на учесниците, соработниците и партнерите. А, ангажираните на реализацијата на фестивалот сега се соочуваат со притисокот на егзистенцијата, бидејќи меѓу нив има лица кои живеат само од проекти, а се исплаќаат исклучиво од Агенцијата за филм, зашто не земаат плата секој месец и немаат здравствено и пензиско осигурување.

„Повеќе од два месеци раковотството на фестивалот и неговите соработници се под огромен притисок. Опомените пред тужби поради неможноста да се исплатат долговите кон соработниците и ангажираните лица, за жал, станаа наше секојдневие. Би сакале да истакнеме дека фестивалот уредно ги има доставено сите претходни извештаи и било каква правна пречка за вакво самоволие апсолутно не постои“, велат од тимот на фестивалот „Браќа Манаки“ во отвореното писмо.

В.д. директорката на Агенцијата за филм неодамна поднесе оставка, а нов раководител не е назначен, па од тимот на „Браќа Манаки“ ги молат Министерството за култура и туризам, Владата и Управниот одбор на Агенцијата за филм, итно да им ги исплатат средствата поради многу краткото време за финансирање на фестивали и манифестации за оваа година.

А, од Министерството за култура со одговор дека Владата наскоро ќе именува нов в.д. директор на Агенцијата за филм, по оставката на досегашната в.д. директорка, со што ќе се обезбеди непречено продолжување на дејноста. Според информациите од Агенцијата за филм со кои располага Министерството, отворените прашања што ја забавија исплатата, очекуваме во кус рок да бидат надминати и средствата што се доделени на фестивалот да бидат исплатени до крајот на годината, додаваат од овој ресор.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Џек Смит : Победата на изборите го спаси Доналд Трамп од затвор

Дејан Дејан

Системот е-Даноци ќе се усовршува и оптимизира – платформата попладнево ќе биде во неколкучасовен прекин

Дејан Дејан

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од мрежа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе