Вести Економија Македонија

Пазарните инспектори излегоа на терен да ги проверат цените на производите кои се дел од новогодишната кошничка

Пазарните инспектори излегоа на терен да направат проверка на цените на производите кои се дел од оваа новогодишната кошничка. Се гледаат сегашните износи на продуктите и кога тие биле најевтини.

Ова се прави за да се види дали трговците од викендов односно понеделник од кога треба над 600 производи да добијат пониски цени за најмалку 10 отсто ќе си стојат на зборот и ветувањето кое и го дале на Владата и синдикатите.

Намалувањето треба да биде од најниската цена која ја имале овие производи во последните 30 дена.

Пазарните инспектори се надеваат дека нема да има злоупотреби затоа што трговците сами предложиле кои производи да поевтинат. Ако пак  кај некои има поскапување пред да почне акцијата, во тој случај од пазарен тврдат дека ќе ги казнуваат согласно законот за заштита на потрошувачите, нечесни трговски практики и измамнички дејствија.

Од пазарена апелираат и до граѓаните да ги пријават до нив сите неправилности и злоупотреби.

Околу 100 компании производители и дистрибутери понудија поевтинување на над 600 производи кои пак може да се видат на страната моја кошничка. Акцијата ќе важи до 15 јануари. И од ССМ се надеваат дека трговците ќе бидат општествено одговорни, а дел од експертите дека праксата со кошнички ќе престане затоа што нема ефект и тоа неколку пати досега се покажало.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Министерството за финансии денеска исплати еврообврзница издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра

Дејан Дејан

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе