Со вечерашниот концерт „Виорот на Анадолија“, истакнатите турски уметници Мареечи Асу и Анил Шалиел на сцената на Националната опера и балет, низ дијалогот на традицијата и модерното, звуците на Анадолија и џез интерпретациите, ја започнаа својата балканска турнеја.
За вечерашниот концерт, кој е во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“- Скопје, Шалиел и Асу во чија музичка дејност се вбројуваат бројни концерти ширум светот велат дека музиката која ја изведуваат ги обединува во себе нашето минатото и нашата сегашност. Дијалог во кој нема да бидат заборавени нуту корените, ниту она што ја навестува современоста.