Вести Култура

Отворање на меѓународната изложба „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“

Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена меѓународната изложба „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“, која ги вклучува едни од најреномираните автори и уметнички колективи денес, добитници на бројни награди и признанија, меѓу другите и престижната „Тарнер’’ награда.

Во поставката ќе бидат изложени дела на интернационални и македонски автори: Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, во соработка со Метју Фулер ќе се претстават и Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот ЈоХа.

„Изложбата се фокусира на релациите помеѓу современите дигитални технологии и продукцијата, дистрибуцијата, интерпретацијата и користењето слики, како евиденција за војните денес и наедно ја степенува важноста на истражувањето и поврзаноста меѓу естетиката и насилството. Изложбата прикажува шест проекти, кои ги истражуваат и анализираат овие состојби. Секое поединечно дело влијае на разбирањето одредени случаи во подрачјата со воени конфликти, приложувајќи евиденција, помеѓу  другото, делата претставуваат и повик за праведност. Оттаму, изложбата ја афирмира способноста на уметноста преку користење визуелни методлогии, како што се модели, цртежи, мапи, интерактивни картографски карти, веб-базирани филмови и анимации, да се произведе знаење и да се дејствува во насока на заштитата на човековите права“, велат кураторите  Метју Фулер и Тихомир Топузовски.

Изложбата, како што е најавено, ќе биде проследена и со предавање на ко-кураторот на изложбата Метју Фулер. Фулер, кој е професор по Kултурни студии на најпрестижниот „Голдсмитс“, Универзитет во Лондон, утре ќе проговори на тема истражувачка естетика. Како теоретичар на културата, неговата истржувачката работа е во сферата на уметноста, науката, политиката и естетиката. Фулер е автор на бројни публикации, вклучувајќи ги насловите ,,Како да се спие: Уметноста, Биологијата и Културата на несвесното’’ (Bloomsbury 2018), ,,Како да се биде Гик: „Есеи за културата на софтверот“ ( Polity 2017), „Естетика на Eкологијата и Невозможноста“ ( Minnesota 2019), како и во коавторство со Ејал Вајзман, книгата „Истражувачка естетика: Судири и Заедничкото во Политиката на Вистината“ (Версо 2021).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски приватно преку ПР агенција „Дашл груп“во Вашингтон но не ѝ на инаугурација

Дејан Дејан

Министерство за правда на САД: За спроведување на забраната за TикТок ќе биде потребно време

Дејан Дејан

Трамп се уште нема одлучено дали ќе го банира ТикTок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе