Во организација на Турската амбасада и канцеларијата на „Туркиш Ерлајнс“ Скопје беше одбележан 5 декември – Денот на турското кафе. Во 2013-та година, УНЕСКО го додаде турското кафе на листата на нематеријално културно наследство, кога за првпат на овој список му се приклучи еден вид на пијалок.
„Турското кафе за нас е многу повеќе од еден напиток, односно претставува нераскинлив дел од нашата култура и традиција. Турското кафе, покрај автентичниот вкус со кој се истакнува, претставува и повод за дружба со нашите семејства, пријатели и сакани. На сите наши гости, било на работа или дома, задолжително им служиме турско кафе“ забележа Џунејт Талха Озјурек, привремен вршител на работите во амбасадата на Турција во Скопје.
На традиционалните турски церемонии за запросување со учество на семејствата, невестата го послужува младоженецот токму со турско кафе. Талогот кој останува на самиот филџан е повод за гатање на кафе и се верува дека навестува знаци за иднината и ‘ксметот на лицето кое го испилo кафето, додава Озјурек.
Според него, турското кафе си има свое специфично место и во поговорките. Една турска вели дека „Еден филџан кафе има атер за 40 години“.
Озјурек потсетува дека и народите на балканскиот регион со кои Турција има блиску историски и пријателски врски, многу добро го познаваат кафето и неговиот вкус. Вели турското кафе е симбол на солидарноста, пријателството и заедничката култура на балканските народи.
„Туристите од балканот и целиот свет, при секоја посета на Туркије, неминовно го вкусуваат турското кафе. Знаеме дека турското кафе има значајна улога во промовирањето на Туркије во странство и голем придонес во туризмот, заклучува привремениот вршител на работите во амбасадата на Турција во Скопје.