Вести Култура

Документарниот филм „Чуварите на Амазон во „Јуроп хаус“ во Струга

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ денеска во „Јуроп хаус Струга“ ќе го прикаже документарниот филм „Чуварите на Амазон“, во рамки на „Зимски МакеДокс“.

По проекцијата на филмот, како што најави Здружението, што ќе следи дискусија за заштитата на животната средина, поврзувајќи ги предизвиците на дождовните шуми во Амазон со регионот Охрид-Струга.

Според најавата, говорници на дискусијата ќе бидат Дарко Ќитаноски и Наум Илиески од здружението „Еко-свест“ од Вевчани и Владимир Трајановски од СОС – Охрид.

Документарниот филм „Чуварите на Амазон“ (We are guardians) на Едиван Гујајара, Челзи Грин и Роб Гробман е потресна приказна на разновидна група домородци кои се трудат да го спасат она што остана од бразилскиот Амазон. Филмот стручно ги сецира економските двигатели кои поттикнуваат големо уништување на животната средина, притоа разоткривајќи ја корупцијата и партиската политика кои тоа го овозможуваат, соопштија од „МакеДокс“.

Влезот на проекцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители, а присуството треба да се потврди.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе