ЕСМ бара да купи над 60 илјади мегават часови струја. Резултатите по која цена од кои фирми трговци со струја и колкава количина успеале да обезбедат се уште не се објавени. Според, најавите утре ЕСМ треба да достави и понуда на тендерот на ЕВН ХОУМ, по која цена ќе ја продава својата струја за домаќинствата. Иако, на берзите цените пораснаа и надминува и до 300 евра за мегават час, а домашните капацитети не се во најдобра состојба и постојано се прават набавки, премиерот Мицкоски тврди дека ако дојде до поскапување тоа би било до 3 проценти. Очекува понудата од ЕСМ да се движи помеѓу 58 и 62 евра.
Претходно ЕСМ спроведе неколку набавки на струја за кои потроши милиони евра, за да ги покрие домашните потреби.
Компанијата не е во најдобра состојба па поради тоа подигна кредит од домашните банки од 80 милиони евра. Според, извештајот за минатата година, ЕСМ потрошиле над 30 милиони евра за враќање на краткорочни кредити по домашни и странски банки. Годинава пак вкупната сума за тоа изнесува близу 40 милиони евра.