Вести Економија Топ вести

Високите барања од енерегетските компании за цената на струјата за Бислимовски не се прифатливи

Високите побарувања на енергетските компании за Регулаторната комисија за енерегетика не се прифатливи. Пред извесно време тие ги доставија своите пресметки до комисијата. МЕМО бара поскапување на цената на својата услуга за речиси 80 отсто, МЕПСО околу 50 проценти. Ова се само дел од влезните параметри  во новата цена на струјата. Но каква ќе биде таа најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ кој ќе биде објавен на 15 ноември, но и по која цена ќе се покриваат загубите на струја во  Мепсо и Електродистрибуција.  Првиот човек на РКЕ Бислимовски вели дека условите на отворениот пазар на електрична енергија во моментов  се подобри за потрошувачите, па поради тоа малите фирми бегаат таму.

-Никогаш за РКЕ не биле прифатливи вакви високи барања така да ги гледаме пресметките но тоа нема да се случи во секој случај. Она што го гледаме сега како факт е дека голем број на мали потрошувачи се вратиле назад на слободниот пазар на електрична енергија што прави одредени притисоци на цената на електричната енергија. За  другиот дел не би сакал да шпекулирам бидејќи немаме податоци на цените по кои што ќе се купуваат загубите на струја и кај МЕПСО и кај Електродистрибуција а дополнително и тендерот на Универзалниот снабдувач ќе биде следната недела, вели претседател на РКЕ, Марко Бислимовски.

Во моментов ЕСМ на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ својата струја му ја продава по цена од 60 евра за мегават час. Премиерот Мицкоски денеска повторно кажа дека не очекува да има  поскапување на струјата од јануари.

Се уште е неизвесно и кога граѓаните ќе добијат уште еден час плус дневна евтина струја. Односно наместо до 15 да биде до 16 часот. Работата за ова се искомплицира кога значително поскапи струјата во регионот во однос на цените кои ги имаше во другите држави од ЕУ. Од Европската енергетска заедница посочија  дека тоа се случило заради топлото лето, но и поради тоа што земјите во регионов не биле  доволно енергетски поврзани. Бислимовски пак се сомнева дека ова се причините за разликата во цените.

Новата цена на струјата треба да се донесе до крајот на годинава, а да важи од јануари.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе