Вести Економија Топ вести

Затекнавме тешка состојба, но очекувам стабилна грејна сезона – министерката Божиновска во посета на РЕК Битола

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска беше во посета на најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во земјава РЕК Битола, информираат од МЕРМС.

„За жал, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола затекнаа тешка состојба во нашиот најголем производствен капацитет. Еден блок од термоелектраните, односно ТЕ Битола 1, воопшто не бил ремонтиран, а веќе влеговме во грејна сезона. Таа постројка според оперативниот план, требало да подложи на ремонтни зафати во март годинава, односно веднаш по завршувањето на претходната грејна сезона, но тоа не било реализирано. Колку што е возможно, во техничко-технолошка смисла, стручните екипи на АД ЕСМ и на РЕК Битола го подготвија овој капацитет да биде на располагање на електроенергетскиот систем во текот на зимата и периодично да се вклучува во електроенергетската мрежа“, рече Божиновска.

Како што стои во соопштението, РЕК Битола во моментов работи според енергетскиот биланс за овој период, со два блока. Во претстојните месеци, доколку е потребно во план е да се активира и третиот блок.

„Свесни сме дека станува збор за капацитети стари преку четири децении. Вработените во РЕК Битола ги знаат сите можни предизвици и ќе направат сè што е во нивна моќ максимално да ги одржат работните процеси во термоелектраната во текот на претстојната зима. Зголемувањето на домашното производство е наш императив и добив уверување дека се преземаат сите потребни чекори за континуирано и доверливо производство на електрична енергија во текот на зимата“, рече Божиновска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе