Вести Економија Топ вести

До крајот на годинава домаќинствата нема да добијат плус уште еден час дневна евтина струја

Уште еден час плус дневна евтина тарифа за сега нема да има. Планот беше наместо до 15 да биде до 16 часот. Но, од регулаторна тврдат дека поради состојбите на пазарите ако сега се случи тоа, ќе мора да се укине онаа евтина тарифа по 22 часот која практично домаќинствата најмногу ја користа.

-Најниски цени имаме во периодот од 12 до 16 часот. Тоа се цени на берзата ХУПЕКС под 50 евра за мегават час. Значи таму постои не за еден туку за еден час плус. Но за жал на пазарот од 20 часот до 24 часот цените се убедливо високи. Ако се следи пазарот воведување на евтина би било од 12 до 16, но ќе треба онаа по 22 часот кога цените се високи, да се укине, вели претседателот на Регуалторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Причина за ваквата состојбата е тоа што извесен период земјите од Југоисточна Европа имаат повисоки цени на струјата, во однос на оние во другите држави од ЕУ.  Од Европската енергетска заедница тврдат дека тоа се случило заради топлото лето, но и поради тоа што земјите во регионов не биле  доволно енергетски поврзани. Бислимовски пак се сомнева дека ова се причините за разликата во цените.

Но, сметам дека тоа што влијаеше во Македонија и во регионот не е произлезено од тука на некој начин сме ние спотер заради други случувања надвор од овој регион. Да се направат дополнителни анализи, ако било топлото време во ред на тоа не можеме да влијаеме, но ако биле нашите прекугранични капацитети проблем  во ред да знаеме да се инвестира во тоа.  Но прекуграничните преносни капацитети според мене функционираа и во јануари, февруари и во март и во април и во мај и тогаш немаше никаков проблем. А сега се доведовме како регион да плаќаме имаше и денови до три пати повисока цена на струјата, додава Бислимовски.

Со стартот на идната година се очекува цената на струјата на берзите да расте. Каква ќе биде кај нас, одлука ќе се носи до крајот на ноември. Компаниите ги доставиле пресметките и допрва ќе се анализираат. Но, најмногу ќе зависи од тоа каква цена ЕСМ ќе му понуди на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ. Електрани не се во најдобра состојба, но пари од буџетот за нив не се планираат. Сепак, Бислимовски се надева дека државата ќе помогне затоа што компанијата лошо работи.

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе