Спорт Фудбал

Македонија со убедлива победа во Рига се зацврсти на првото место во групата

Македонската фудбалска репрезентација оствари триумф од 3-0 на гостувањето кај Летонија во рамки на 3.коло во Лигата на нации. Ова беа важни три бода за нашиот тим во битката за освојување на првото место во групата 4 во Лигата Ц.

Јани Атанасов ја најави победата за Македонија во 35.минута по една убава акција што ја почнаа Енис Барди и Елиф Елмас, а Бојан Миовски прекрасно му асистираше на стрелецот на голот.

На стартот на второто полувреме имавме кризен период во играта, а за тоа многу придонесе принудната измена на нашиот стандарден стопер Висар Муслиу. Откако Летонците не искористија две добри шанси за израмнување, казнивме на спротивната страна. Лирим Ќамили во 70-тата минута искористи еден кикс во домашната одбрана за да стрела за 0-2.

Точка на победата стави Елиф Елмас во 93.минута откако погоди со силен удар во аголот на летонскиот гол.

Македонија сега има седум бодови од три натпревари во групата 4 и е на првото место без разлика на исходот на дуелот помеѓу Фарски Острови и Ерменија.

За три дена го играме клучниот натпревар во групата и тоа на гости кај Ерменија. Ако победиме и во Ереван речиси сигурно го освојуваме првото место, бидејќи во ноември два пати играме дома и тоа против Летонија и Фарски Острови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе