Одбојка Спорт

Дрим-тимот на Струмица денеска на мегдан со Капошвар во ЦЕВ Купот

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица денеска од 19 часот засилен со капитенот на националниот тим Никола Ѓорѓиев го пречекува Фино Капошвар во рамки на првата рунда во ЦЕВ Купот.

Струмичани во Лигата на шампиони завршија со настапите уште по првото квалификациско коло по двата порази од по максимални 3-0 од Олимпијакос. Сега имаат втора шанса на меѓународната сцена во второто по ранг натпреварување ЦЕВ Купот.

Овој пат тимот на тренерот Кире Ричлиев е засилен со уште тројца македонски репрезентативци како капитенот и наш најдобар играч Никола Ѓорѓиев, потоа неговиот брат Ѓорѓи Ѓорѓиев и Александар Љафтов. Сите треба да дебитираат вечерва против Фино Капошвар, а летово тимот се засили и со Дарко Ангеловски, Филип Маџинков и Филип Лепидовски.

Унгарскиот противник е добро познат, бидејќи Струмица и лани играше против овој тим во квалификациите за Лигата на шампиони на турнирот во Бугарија и запиша пораз од 3-0. Сега работите се поинакви, бидејќи македонскиот тим има многу поразличен и поквалитетен состав.

Реваншот со Капошвар е во Унарија на 16.октомври, а во случај македонскиот првак да мине понатаму, во следната рунда ќе има двомеч со турски Галатасарај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битола на нозе пред дербито со Вардар: Е. Пелистер ја распродаде салата за седум минути (ФОТО)

Дејан Дејан

Јувентус и Сити бараат излез од кризата, Барселона гостува во Дортмунд

Дејан Дејан

Данска против Холандија во директен дуел за место во полуфиналето на ЕП 2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе