Вести Економија Топ вести

ЕСМ годинава купи струја за 31 милион евра, премиерот Мицкоски најавува дека нѐ чека предизвикувачка зима

Цената на струјата на отворениот пазар ќе се зголеми во зимските месеци бидејќи Украина чиј енергетски систем е уништен ќе влече струја од Европа а тоа ќе значи дека на пазарот ќе има и помали количини за Македонија, најавува премиерот Мицкоски.

Тој вели дека државата е подготвена и ќе одговори на предизвиците но и истовремено додава дека капацитети за производство се девастирани, во процес на ремонт и со речиси празни хидро инсталации.

Државата ќе мора повторно да се потпре на увоз на струја, а колку тоа ќе не чини никој засега не може да предвиди.

Од почетокот на годинава, заклучно со 15 октомври, државата ЕСМ потроши 31,7 милиони евра за набавка на струја од слободниот пазар. Оваа сума се очекува да се зголеми бидејќи допрва доаѓаат зимските месеци во кои потрошувачката на струја се зголемува а како што кажа и премиерот очекувањата се дека цената за мегават час ќе биде уште повисока.

Гледано по месеци, најмногу пари ЕСМ ќе потроши во јануари – 12,6 милиони евра и минатиот месец – 5,3 милиони евра. Само за првата половина на октомври веќе се платени 4,6 милиони евра на неколку компании од кои се набавува струјата.

Државата ЕСМ годинава купувала струја од 15 различни фирми на кои заклучно со септември платила 27,1 милион евра. Вкупните исплати се од околу 100 илјади евра до речиси шест милиони евра.

Најмногу мегават часови струја купени се од фирмата „ГЕН – И“ на која и се исплатени 5,8 милиони евра а потоа следуваат „ХСЕ МАК ЕНЕРЏИ“ со 4,7 милиони евра, „СОЛЕ 24“ на кого за девет месеци му се платени 4,6 милиони евра и „Данске Комодитис“  со 4,1 милиони евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе