Спорт Фудбал

Младите фудбалери вечерва гостуваат кај перфектната Холандија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот гостува во Холандија во рамки на квалификациите за Европското првенство. Момците на селекторот Драган Канатларовски влегуваат како аутсајдери на овој дуел со оглед на фактот дека противникот има максимални седум победи од седум натпревари.

Нашите надежи по шест одиграни натпревари имаат ефект од две победи и четири порази. Добро го почнавме овој квалификациски циклус со победа на гости кај Шведска од 0-1, а потоа успеавме да славиме само против Гибралтар на домашен терен исто така со 1-0. Иако е тешко да се очекува позитивен исход од вечерашното гостување во Алмере, Македонија ќе го даде својот максимум против фаворитот, кој во Скопје нè победи со 0-2.

Нашите надежи во групата Ц се на претпоследното, петто место на табелата со шест бодови или три повеќе од Гибралтар. Холандија е лидер со 21 бод, потоа следува Грузија со 13, Шведска има 10, а Молдавија е четврта со шест бодови колку што има и Македонија.

Во овој септемвриски циклус натпревари, младинците имаат уште едно гостување и тоа кај Гибралтар во понеделник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе