Uncategorized Вести Свет

Хрватска ги алармираше граѓаните да го напуштат Либан

Министерството за надворешни и европски работи денеска ги повика хрватските граѓани да го напуштат Либан, приклучувајќи им се на голем број земји кои претходно ги повикаа своите граѓани веднаш да ја напуштат блискоисточната земја поради очекуваната ескалација на конфликтот со Израел.

„Поради влошување на безбедносната состојба, ги повикува хрватските граѓани да го напуштат Либан со комерцијални летови“, напиша Министерството на платформата „Х“.

САД, Велика Британија, Австралија, Франција, Канада, Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Јапонија, Турција и Јордан се меѓу земјите кои веќе ги повикаа своите граѓани да ја напуштат блискоисточната земја.

Во своите повици, САД и Британија им порачаа на своите граѓани да ја напуштат земјата со секој можен лет.

Меѓународната заедница очекува ескалација на досега само спорадичните прекугранични конфликти меѓу Израел и Либан, откако во Техеран беа убиени политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, и командантот на Хезболах Фуад Шукр.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регулаторна добила убедување од ЕСМ дека наскоро ќе завршат работите на новиот топловод под мостот Беласица

Дејан Дејан

Раст на криминалните банди во Данска, регрутираат членови преку социјалните медиуми

Дејан Дејан

Стотици занаетчии од полошкиот регион поради сивата економија мака мачат со егзистенцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе