Вести Култура Топ вести

Никола Кимовски: На местото на актерите од МНТ кои не работат, а земаат плати, ќе бидат примени млади актери

Актерите од МНТ кои подолго време не работат, а земаат плати , треба да разберат дека се дел од театарот. Ако не го сватат тоа на нивно место ќе бидат примени млади актери . Ова во интервју за Телма го кажа новиот в.д. директор на МНТ, Никола Кимовски.

Тој во интервјуто зборува за неговите приоритети, МНТ да го направи театар со фокус на големата сцена и дека ученици ќе доаѓаат организирано да учат што е театар.

За најавеното отворање на летната сцена во септември, што ќе го носи името на починатиот актер Славиша Кајевски, Кимовски вели дека не може порано зашто театарот е на колективен одмор во август.

А, за потребата од санација на зградата на МНТ од протекувањата на дождови, в.д. директорот рече дека од новиот министер за култура и туризам добил ветување дека до крајот на годината ќе се обезбедат средства за поправка на објектот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе