Основното јавно обвинителство во Штип отвори истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за извршување на полови дејствија врз 16-годишно девојче.
Според истрагата, на 18 јуни осомничениот ја следел малолетничката на пешачка патека покрај реката Брегалница, по што дошло до инцидент во кој таа била вознемирена но успеала да се оддалечи.
Јавниот обвинител предложил мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и оштетената, како и ризик од повторување на делото.
