Кошарка Спорт

Младите кошаркари против Турција ќе се обидат да го поправат впечатокот по синоќешниот дебакл на ЕП У20

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија синоќа запиша огромен пораз од 93-38 од Шпанија на стартот на Европското првенство под 20 години што се одржува во Гдиња, Полска. Вечерва избраниците на селекторот Боро Смилковски имаат задача да го поправат впечатокот против Турција.

Македонските кошаркари синоќа немаа никакви шанса му парираат на неколку класи подобриот ривал, кој важи и за еден од фаворитите за висок пласман. Вечерва од 20:30 часот, младинците имаат шанса за поправен против Турција, која исто така стартуваше со пораз на турнирот. Вчера оваа репрезентација загуби од Белгија со минимални 62-64.

Во рамки на третото коло во групата Ц, нашите кошаркари во понеделник ќе ги одмерат силите и со Белгија со почеток од 18:30 часот. Во следната фаза вкрстуваме со селекциите на Црна  Гора, Литванија, Исланд и Словенија од групата Д.

Примарната цел на Македонија на ова Европско првенство е да ги избегне последните две позиции кои водат во Б-дивизијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе