Вести Македонија Најважни

Силниот ветер во Скопје откорна дрвја, оштети возила и кровови

Дрво падна врз жена кај поранешна „Нова Македонија“. Жената е на скопските клиники и не е во животозагрозувачка состојба.

Како последица од силниот ветер дрво падна и кај Веро Џамбо, па направи проблем за возачите затоа што се блокираше улицата.

Паднати дрвја, блокирани улици и оштетени автомобили, ова е епилогот по денешното невреме во главниот град.

Од Општина Центар информираа дека тие веднаш ги пријавиле паднатите дрвја до ЈП Паркови и зеленило, а на нив останува да расчистат.

Во Центарот за управување со кризи добиени се повеќе пријави за штети предизвикани од невремето.

Паднати се 16 дрвја, оштетени се три возила, регистрирани се седум откачени кабли од бандери, три кровови се оштетени, како и регистрирана е повреда на едно лице, соопштија од Центар за управување со кризи.

Скинати кабли од бандери предизвикаа пожар кај депонијата „Вардариште“. На местото интервенираат возила од Пожарната единица.

Невреме проследено со силен ветер,  дожд и град, попладнево ја зафати Битола. Во центарот на градот  силниот ветер урна  дрво  кое оштети автомобил,  паднати се и  билборди, а во  градскиот  парк има искршени гранки од дрвја.

Пред невремето  на околните ридови избувнаа 2 пожари во непосредна близина  на градските населби. Екипите на територијалната противпожарна единица  интервенираа  на двете локации, а дождот помогна пожарите да се стават под контрола.

Од Општина Битола информираат дека Штабот за заштита и спасување  е ставен во целосна функција и со својата оператива дејствува на терен.

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе има нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Во текот на изминатата недела исто така имаше силни невремиња кои предизвикаа големи штети.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орбан отпатува во Москва, утре ќе се сретне со Путин – Европа во шок, Мишел бесен: Не нè праша

Дејан Дејан

Густа лава по земја, густ чад на небо – еруптираше вулканот Етна

Дејан Дејан

Димитриеска Кочоска во „Вин-Вин“: Зголемувањето на пензиите не е големо оптоварување на буџетот, каматите прават огромен притисок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе