Вести Економија Македонија

Најавите за излегување од Отворен Балкан, обид за собирање на гласови на изборите

Домашните експерти воопшто не се изненади од тоа што за време на предизборните кампањи се зборува за излегување на земјава од Отворен Балкан. Аналитичарот Јовановиќ појаснува дека со тоа партиите од албанскиот политички блок  сакаат да ги соберат гласовите од граѓаните кои се незадоволни затоа што Косово не е дел од оваа иницијатива.

-Се е во предизборни цели, пробуваат на некој начин да ги привлечат албанските гласачи кои имаат отпор кон иницијативата Отворен Балкан поради тоа што Косово не е дел од оваа иницијатива, вели за Телма, аналитичарот Бранимир Јовановиќ

 

Јовановиќ смета дека со Отворен Балкан повеќе помогнал во политичкиот, отколку во економскиот дел, иако и таму има придобивки кои се мали, но значајни.  Наместо да излегуваме од оваа иницијатива, Јовановиќ  вели дека  треба да се трудиме од Отворен Балкан  да бидат дел и другите држави во регионот

границите не се отворени, но сепак не може да се каже дека иницијативата е лоша. нема лоши ефекти. но, ги подобри односите на овие три земји. односите меѓу албанија и србија не биле никогаш толку добри, но и помеѓу македонија и србија и македонија и алабанија, додава јовановиќ

Анкетите во БИХ и Црна Гора покажале дека добар дел од граѓаните сакаат да бидат во Отворен Балкан.

Правниците кои ги контактираше Телма објаснуваат дека во услови на техничка Влада може да се одлучува за повлекување на земјава од Отворен Балкан, но меѓународните договори кои се потпишани се ратификувани и поминати во Собрание и тие ќе продолжат да важат.

Откако, првично претседателскиот кандидат Арбен Таравари во својата програма вети повлекување на Македонија од иницијативата Отворен Балкан, сега и шефот на  дипломатијата и кандидат за претседател на ДУИ, Османи  најави дека на владина седница  ќе предложи повлекување на земјава од оваа иницијатива  со образложение дека ако се покаже дека Белград стој зад инцидентот во Бањска во тој случај го прави продолжувањето невозможно  затоа што идејата на Отворен Балкан е поинаква. Односно преку иницијативата Србија и Косово треба да  воспостават дипломатски односи.

Со ова практично Опен Балкан влезе во претседателската кампања.

Од друга страна пак Вицепремиерот за евроинтеграции  Маричиќ, одговори дека иницијативата  не треба да се политизира и сите договори  кои се за доброто на граѓаните мора да продолжат.

Последно со Отворен Балкан се отвори пазарот на трудот. Според, податоците од МИОА, над 70 граѓани од Србија и Албанија поднеле барање за работа  тука. Од земјава пак речиси 1.400 граѓани извадиле потврда за идентификација, но не значи дека ќе заминат на работа таму. Тие за сега го имаат направено само првиот чекор.

Се потпишаа и  договори кои треба да го олеснат протокот на стоки и граѓани, а беа организирани и саеми за прехрамбени производи.

Оваа иницијатива беше формирана летото 2021 година.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Двајцата претседателски кандидати со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Пендаровски: Партиските договарања не придонесуваат за демократијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе