Вести Култура

Македонскиот театар последниве години е во долг зимски сон

Македонскиот театар последниве години е како во долг зимски сон, со повремени одблесоци на оригиналност и стрaст, вели театарската критичарка Јована Ѓорѓиоска, по повод Светскиот ден на театарот. Според неа , потребна е колективна грижа за драмското богатство што го поседуваме за да не се повторуваат истите текстови, режисерските решенија и актерските креации.

Тоа делумно се должи на една дифузија на одговорност и делување во удобна зона, а делумно се должи на намалени критериуми за квалитет и на ограничени ресурси. Е сега, како член на организацискиот тим на фестивалот „ Војдан Чернодрински“ , сакам и да ја нагласам генералната запоставеност на македонските автори, рече театарската критичарка јована ѓорѓиоска.

За инерцијата во домашниот театар, но и за распределбата на денарот со Годишната програма, по принципот секому по нешто, а никому доволно, зборува и режисерот Коле Ангеловски- автор на домашната порака за Светскиот ден на театарот.

Со исклучок на 2-3 претстави кои имаат пристојни буџети , ќе крпарат за сценографии, костимографии од фундус, музика ќе симнуваат од YOUTUBE. Хонорарите , ако воопшто ги има, ќе бидат минимални. Ќе гледаме по кој знае кој пат, нови видувања на „ Тартиф“, на дела од Шекспир, Чехов, Стефановски. Ќе измислиме нов правец во театарот- Гол театар, рече ангеловски.

А, во меѓународната порака, драматичарот и нобеловец Јон Фосе, мотивиран од воените дејствија во светот, ја истакнува уметноста како спој на  спротивности за разлика од конфликтите.

Не знам за подобар начин кој сплотува спротивности. Ова е точно обратниот пристап од оној на насилните конфликти што ги гледаме премногу често во светот, што подлегнуваат на искушенијата за уништување на сѐ што е друго и посебно, беше пораката од Фосе која ја прочита АКТЕРОТ Здравко стојмиров.

Единствената премиера што на Светскиот ден на театарот ќе се случи во Скопје, е во театарот Комедија. Се работи за претставата „ Пар распар“, по текст на американецот Нил Сајмон.

Таа драма фактички нуди можност за градење и покажување на многу длабоки и многу суштествени човечки односи, помеѓу кои е пријателството , но и љубовта и други универзални теми што не засегаат, рече режисерката нина николиќ.

А, во Драмскиот театар ќе биде промовирана монографијата за Ристо Стефановски, чија долгогодишна директорска функција се поврзува со најблескавите мигови на оваа сцена. Затоа таа од денеска ќе го носи неговото име.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Силјановска со најмногу донации, Пендаровски со најмалку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе