Вести Култура

Осветлување на Археолошкиот музеј со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата – 24 март

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје, заедно со професионалните здруженија: Македонското лекарско друштво, Здружението на пневмофтизиолози, Македонското респираторно здружение и Македонското педијатриско респираторно здружение се вклучија кон годинешните активности на „Stop TB Partnership“, што претставува интернационална иницијатива и партнерство под закрила на Обединетите Нации, по повод одбележување Светски ден за борба против туберкулозата (ТБ) – 24 март, 2024 година.

Секоја година, на 24 март, го одбележуваме денот кога д-р Роберт Кох во 1882 го објавил откривањето на бацилот на туберкулоза. Светскиот ден на туберкулозата е повод да се мобилизира политичката и социјалната посветеност за натамошен напредок кон елиминирање на туберкулозата.

Одбележувањето на Светскиот ден за борба против туберкулозата е со цел подигнување на свесноста за глобалната епидемија на туберкулоза и напорите кои се во тек за нејзино елиминирање. Овој ден служи како  потсетник за изгубените животи од ТБ, тековната борба на оние кои живеат со оваа болест и итната потреба за глобална акција за да се стави крај на ТБ. Нашата меѓународна кампања има за цел не само да информира и ангажира, туку и да мобилизира ресурси, да се залага за ефективни политики и да го поттикне учеството на заедницата во глобалната борба против ТБ, усогласувајќи се со годинешната тема и целите за да нè доближи до свет без ТБ.

Годинешно мото за денот на борба против туберулозата „ДА! Можеме да ставиме крај на туберкулозата” треба да го привлече вниманието кон оваа глобална закана со цел да ја впрегнеме нашата колективна моќ за да ставиме крај на туберкулозата до 2030 година и затоа да ги достигнеме целите за одржлив развој.

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза упатува благодарност до Археолошкиот музеј за вклучување кон ова глобално движење за да го привлечеме вниманието кон важноста за борбата против туберкулозата.

Партнерството „Стоп за ТБ“ ја започна кампањата „Осветли за туберкулозата“ првпат во 2017 година, при што во претходните кампањи со вклучување на над 60 градови ширум светот. Нашата земја, првпат се вклучи во оваа кампања минатата година, кога за истата цел се осветли Камениот Мост во црвено.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петнаесет работници загинале, 93 биле повредени на работни места лани

Дејан Дејан

Немало потреба од затворски притвор, таткото на Вања можел да се обезбеди и во куќен – Врховен ја објави одлуката

Дејан Дејан

Над 100 уапсени низ САД – се шират пропалестинските протести на американските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе