Вести Култура

Промовирана книгата „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов

Книгата „Автопортрет со седум прсти“ приредена од Јасмина Шопова е книга во која се обединуваат прозните текстови на Ацо Шопов, еден од најзначајните македонски поети, основоположник на македонската современа поезија.

„Книга која ни овозможува да го запознаеме Ацо Шопов и како еден комлексен интелектуалец, мислител и полемичар, текстови кои на еден суптилен начин воспоставуваат многубројни нишки со неговота поезија“, беше забележано на вечерашната промоција на книгата „Автопортрет со седум прсти“ во која за првпат се собрани непознати прозни текстови од Шопов.

„Како што велеше татко ми за Рацин пожелно е да се навраќаме кон постарите текстови бидејќи во нив се наоѓаат одговорите на проблемите кои ден денес нè мачат и тоа е случај со оваа книга. Практично се што имавме материјал е ставено, не правев селекција, не можам да го сечам Шопов, не знам да го сечам Шопов, затоа е толку волуминозна книга бидејќи таа треба да послужи како влог во македонската современа историографија и затоа го ставаме целиот материјал на располагање на читателите“, изјава Јасмина Шопова, приредувач на книгата.

„Дел од текстовите се беседи, дел се записи, има голем број интервјуа и навистина може да го запознаеме Ацо Шопов истовремено и како револуционер, поет кој е вклучен во самите темели на нашата држава, но и како еден загрижен интелектуалец, кој што во своето време дебатирал за многу значајни теми кои се актуелни и денес. Можеме да го препознаеме Шопов како еден суптилен лиричар кој и во прозата практично пишува еден вид поезија во проза“, изјави проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Долгорочни кредити за нови компании од младите, укинување на данокот за купување на стан во кој живее газдата, 13 пензија – дел од економските мерки на ЗНАМ

Дејан Дејан

Инвестиции од половина милијарда евра, минимална плата од 800 евра – коалицијата „Вреди“ ја промовира програмата „План 2030“

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски мирно спие со сознанието дека се пропишани драконски казни за дела кои луѓето не ги направиле на 27 април?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе