Вести Култура Македонија

Светска премиера на филмот “Ефтеркланг: Македониум бенд” на фестивал во Копенхаген

Светска премиера на филмот “Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, а во продукција на Младинскиот културен центар- Скопје, и Rosforth и Rumraket,  ќе се одржи на 23 март на фестивалот за документарен филм “CPH:DOX”, во Копенхаген – Данска, кој важи за еден од најголемите во светот.

Музичкиот документарец што се снимаше во текот на април 2023, претставува патување на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот “Македониум”, во чест на овој архитектонски симбол на македонската слобода и независноста.

Премиерата на филмот  ќе биде проследена со уникатен концерт на ансамблот “Ефтеркланг: Македониум бенд”, во кој членуваат 22 македонски музичари. Во рамките на концертот, ќе бидат отсвирени најпознтите песни од бендот Ефтеркланг, но и македонски песни и џез стандарди во препознатливиот народен ритам.

  • Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав на прекрасен, непосреден и шармантен начин, преку патувачка турнеја низ Македонија. Во тој процес на регрутација на членови за новиот супер состав наречен “Ефтеркланг : Македониум бенд”, нивен водич и локална инспирација е уредникот на музичка програма во МКЦ, Владица Младеновски- Грга, кој е нивен пријател и посредник во целата авантура. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент, преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект, се вели во дописот од МКЦ.

Режисерот на филмот Андреас Јонсен, е наградуван дански документарист, чиј филм “Ai Weiwei: The Fake case” го отворил изданието на истиот фестивал “CPH:DOX” во 2013 година.

Покрај бендот Ефтеркланг, во оваа музичка формација се вклучени и Женскиот младински хор при МКЦ, со 16 хористки, музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

– Неверојатно сме возбудени за приликата да ете, се испробаме и во филмот. МКЦ стои гордо како продуцент на овој музички документарен запис, чија идеја потекна токму од тука, од еден од настапите на Ефтеркланг на музичкиот фестивал Здраво Млади. Инспирацијата од Крушево, од  монументалноста на споменикот “Македониум”, кој што покрај државотворната симболика, буди и чувства на уметничка независност и израз, беше токму вистинската линија за нарација на целиот филм. Веста дека премиерата на филмот ќе се случи на “CPH:DOX беше огромно изненадување, вели Владица Младеновски од МКЦ.

Светската премиера на документарецот , заедно со концертниот настап, ќе се случат во познатата сала “DR Koncerthuset”, која за време на изградбата во 2007 година важела за најскапа музичка сала, некогаш изградена. Архитектот Жан Нувел, за дизајнот на “DR Koncerthuset”, ја освоил престижната Прицкерова награда за архитектура.

Реализацијата на филмот е поддржана од Министерството за култура со 250.000 денари, а средства издвоија и Данскиот уметнички совет и “Culture Moves Europe”- програмата на Европска унија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе