Вести Економија Македонија

Поштари нема, граѓаните ги чекаат и сметките и пратките

Од ЕВН за Телма велат дека имаат склучено договор со АД Пошта и ако не се доставуваат сметките тие имаат право да не им платат за услугата. Ги советуваат граѓаните да ги користат електронските услуги на компанијата, односно преку интернет да ги плаќаат фактурите.

Напоменуваат дека според законите, ако потрошувачот не ја добие фактурата, тој треба да ја побара сметката или преку кол-центрите или преку онлајн платформата или да поминат во најблискиот кориснички центар.

Од ЕСМ Снабдување, пак, велат дека нивните фактури за топлинска енергија во хартиена форма  не ги испорачува пошта туку тие имаат нивни вработени кои го прават тоа.

Напоменуваат дека доколку потрошувачот од која било причина не добие фактура за топлинска енергија, согласно легислативата е должен истата да ја побара од Снабдувачот.

Потрошувачите имаат можност да побараат копија од фактурата во било кој пункт на потрошувачи како и преку електронска пошта.

ЕСМ Снабдување има договор со АД Пошта, за достава на пратки до 50 грама кои се однесуваат на писмена комуникација со потрошувачите, но за сите прашања и барања потрошувачите можат да се обратат во до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и  075400100. Кога има потреба, доставата на овој вид на пратки го врши нашата доставна служба.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мојсовска: Досегашниот модел на проширување на ЕУ е неодржлив, потребен е нов пристап преку „прогресивно набљудување“ и влез во заедничкиот пазар

Дејан Дејан

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дејан Дејан

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Плетвар во која животот го загуби едно лице – целосно блокиран сообраќајот

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе