Вести Економија Македонија

Ќе се разработи ли ТЕЦ Неготино откако се спои со ЕСМ?

Поефикасно и поисплатливо искористување на производниот капацитет на ТЕЦ Неготино. Ова стои во официјалното соопштението на ЕСМ за спојувањето на централата кон државните електрани, процес кои се случи деновиве.  Но, со оглед на тоа што оваа централа генерално се чува како ладна резерва затоа што струјата од централата е скапа, а до пред енергетската криза 12 години беше исклучена, се отвара прашањето колку и како со ова спојувањето  поисплатливо ќе се искористи овој капацитет како што се наведува во соопштението.

Последен пат централата беше ставена во функција за време на енергетската криза. Во дописот стои и дека токму кризата ја покажала потребата од интегрирање на ТЕЦ Неготино кон ЕСМ.

Енергетската криза од 2021 година претставува пресуден аргумент за нужноста од интегрирањето на АД ТЕЦ Неготино во рамки на АД ЕСМ Скопје, како од аспект на диверзификација на ризик, така и од аспект на стабилност и континуитет во производството на електрична енергија на државно ниво. Двете компании се лиценцирани за производство на електрична енергија, па ваквиот предлог за статусна промена е целосно оправдан и реализиран, пишува во дописот на ЕСМ

Спојувањето Тец Неготино и ЕСМ отвори низа прашања во јавноста. Со овој  потег вредноста на државните електрани порасна, па од тука дел од експертите  ги отворија можните опциите- зошто токму сега се случува ова.  Дали станува збор за политика, можност за затворање на долгови и за покривање на  непродуктивни трошења или пак се отвора  патот за продажба на ЕСМ.

Но, министерот Бектеши тврди дека продажба нема да има. Рече дека додека е тој министер тоа нема да се случи, а  целта е да се зајакне капацитетот на електрани.

ЕСМ според последните извештаи на финансии има загуби, но и потешкоии да ги подмири обврските кон доверителите. Секторот финансии дава препораки како полесно да се надмине оваа криза. И додека се бара решение, едно е нејасно, како овој енергетски гигант дојде до ситуација да се бори со финансиски проблеми. ТЕЦ Неготино пак кој е со капацитет колку еден блок во РЕК Битола, во минатото беше одвоен од тогашното ЕСМ за полесно да се приватизира.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се знаците за високиот шеќер во крвта?

Дејан Дејан

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе