Вести Економија Македонија Најважни

Спојувањето на ТЕЦ Неготино кон ЕСМ, подготовка за продожба или заташкување на долговите

Спојувањето на ТЕЦ Неготино кон ЕСМ отвори низа прашања во јавноста. Министерот Бектеши пред неколку дена рече дека не станува збор за продажба на оваа компанија. Дел од познавачите пак ги отворија можните опции – зошто се случува спојувањето со кое порасна вредноста на ЕСМ и која е целта со ваквиот потег – политички  договор, потреба од финансии за покривање  на непродуктивни трошоци или пак трасирање на патот за продажба на ЕСМ.

Дали  зголемувањето е фиктивно на вредноста тоа е како паралела со на пример имам стан со одредена квадратура,  ако не ми се впишани терасите  и ги  впишам вредноста се зголемува и со таа вредност  земам кредит или хипотека,  дали за нов стан или реновирање на стариот. Е сега тука  прашањето дали е целта продажба или е целта нешто што ќе видиме понатаму,  развој или е нешто пред избори иако е кратко времето, да се побара кредит кој би се користел за некакви неоправдани  трошоци имајќи предвид  дека постојат индиции дека има вработувања многу сега предизборно. Дека има неоправдани исплати на договори на дело, кои што се од на пример, награда заради некоја работа, а тоа е многу лесно да се стави во некаква рамка, а да не биде јавно кажано кое е тоа дело. Сите овие работи се под прашање, вели  Ана Лазаревска – универзитетски професор

Лазаревска отворено ги повика државните институции да  проверат зошто токму сега се случува ова.

Треба да настапи Комисијата за заштита од корупција. Затоа постојат тие органи во државата кои треба да следат. Ако има индиции да се покрене ова е отворен  повик да се провери дали има нешто  за јавното обвинителство или некоја друга државна институција што е причината за ова. На секој до нас ни отвара сомнеж зошто сега се прави ова зошто токму сега се прави ова пред избори, вели Лазаревска.

Државните електрани важеа за една од најпосакуваните енергетски компании за вработување. Но, според Лазаревска оваа компанија е далеку од она што била на времето. Но, смета дека ваква стратешка фирма не треба никогаш да се помисли да се продаде. Тоа го нема во ниту една држава дури и во оние околу нас, кои се дел  од ЕУ.

-Единствено не е оправдано. Се губи суверенитетот затоа што најлесно е ти да го условуваш  било кое општество и било која влада,  ако му ги затвориш дотоците на храна, енергија и вода, додава Лазаревска

Според Лазаревска во минатото централата ТЕЦ Неготино се одвој од тогашното ЕСМ за да може полесно да се приватизира. После толку години повторно има спојување.  Централата  години работи како ладна резерва, затоа што нејзината струја е скапа, но за време на кризата се вклучи.

По спојувањето вредноста на ЕСМ изнесува над 520 милиони евра. За време на кризата  ЕСМ  се донесе  одлука да го менаџира и парното греење.  Државните електрани пак според последните податоци од финансии имаат загуби.

Според документот до кој дојде КОД има проблеми со ликвидноста, поради што секторот финансии дава препораки како полесно да се надмине оваа криза. И се бара решение, едно  е нејасно, како овој енергетски гигант дојде до ситуација да се бори со финансиски проблеми.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе