Вести Економија Македонија

ЕСМ не открива, кој ќе испорача 500 илјади тони јаглен за РЕК Битола и по која цена

ЕСМ набавува  500 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола.  Ова се првите договорени количини од  повикот со кој се бараа 1,4 милиони тони јаглен за најголемиот производител на струја во земјава.

Ги прашавме во ЕСМ, колку фирми се јавиле на повикот, кој  ќе го испорачиува  јагленот и колку  чини, но одговори од државните електрани нема. Иако, ваквите податоци би требало да се  соопштуваат.

Во повикот кој се објави минатиот месец, се бараат над двојно повеќе од досегашните потреби на РЕК Битола. Поточно 1.390.720 тони јаглен.

Но, колку од количината ќе биде набавена ќе зависи од квалитетот на јагленот и од средствата предвидено за оваа набавка. Така стои во документот.

Во моментов производствената цена на струја на РЕК Битола за кого се набавува јагленот  е повисока од берзанската. Мегават час  од централата чини околу 110 евра, на ЕСМ е нешто пониска, а берзанската е околу 70 евра. И покрај тоа што во моментов е поскапо да се произведе, сепак се прави напор освен едниот блок кој сега работи, од следната недела во функција да се стави уште еден.

Според, вицепремиерот Битиќи иако нема економска исплатливост, државата мора да осигура минимум производство до домашни капацитети бидејќи берзата не е предвидлива за да може ЕСМ да се потпре исклучиво на набавка на струја во моментов.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе