Вести Економија Најважни

На државата и требаат над 80 милиони евра, ново задолжување кај домашните кредитори

Над 80 милиони евра е новото задолжување на државата на домашен пазар. На берзата котираат две нови државни обврзници. Едната е петгодишна со вредност од над 24 милиони евра, а другата 15 годишна од близу  60 милиони евра. Каматните стапки се 4, 2  и 5, 6 проценти.

Задолжувањето е впишано и во календарот објавен на сајтот на министерството. Од финансии тврдат дека е според планот за годинава, а  обезбедувањето на потребните пари на домашен пазар се уште е поевтино.

Интенција на Министерството за финансии во овој период е обезбедување на средства по поповолни услови на домашниот пазар имајќи ги предвид се уште високите каматни стапки на меѓународните финансиски пазари.

Министерството за финансии ќе продолжи со прудентно управување на јавниот долг и обезбедување на средства за предвидените програми преку инструменти кои се со најнизок трошок, се вели во дописот од финансии.

 

Но, од календарот може да се види дека паралелно со новото задолжување, вчера државата требала да врати над 26 милиони евра.  А за 20 тина дена доспева и нов долг кој исто така треба да се расчисти.

И во следните три месеци државата ќе се задолжува со нови државни обврзници на домашен пазар. Но, и ќе треба и да се раздолжува. Во април, мај и јуни ќе доспеат за враќање над 143 милиони евра.

Државата планира да собере и нови пари од граѓаните. Според,  календарот, месецов  треба да биде објавена и нова граѓанска обврзница, а и во јули.

Досега беа издадени две вакви обврзници. Првата во јули лани, а  другата пред крајот на минатата година. Тие се со каматна стапка од 5 отсто. И со двете, државата успеа да прибере повеќе пари од граѓаните отколку што се планираше.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе