Вести Економија Најважни

Месо, млечни производи, овошје, зеленчук, слатки, пијалоци, но и луксузна храна – продукти со маржа до 10 отсто

Месо, сирења, млеко, павлака, јогурт, компир, домати, краставици, други видови зеленчук, овошје, леќа, грав, грашок, тестенини, слатки, шеќер, какао, кафе, чај, сокови, води, различни видови вина и пива.

Над 2.500 производи поделени во 53 категории со посебни тарифни броеви се најдоа на листата продукти кои ќе бидат со маржа до 10 отсто. На списокот може да се забележи дека има и производи кои се сметаат за луксуз.

Министерството за економија листата ќе ја достави до стопанските комори, но и до организацијата на потрошувачи. Листа ќе биде трансформирана во правилник, откако ќе се донесе Законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се стави крај на манипулациите со цените.

Во меѓувреме гарантираната цена падна, а дел до производите поскапеа. Вицепремиерот Битиќи викендов излегува во контрола. Ако забележи дека има картелско здружување за цените во понеделник ќе поднесе нова претставка до Комисијата за заштита на конкуренцијата. Анализите од контролите на пазарен не биле доволни и затоа Битиќи ќе се обиде сам да направи проверка.

„Во сабота ве поканувам ќе отидеме во шест различни маркети да ги видиме цените на еден до два  производа. Ако има зголемување, во понеделник ќе одиме до Комисијата за заштита на конкуренцијата да доставиме претставка. Ако се случи зголемување на еден ист производ кај сите тогаш може да има индиции за здружување“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата вчера во одговор за Телма соопштија дека до сега Комисијата нема конкретни сомнежи за постоење на забрането договарање помеѓу одредени синџири на супермаркети за некои производи. А за да утврдат договарање на цени мора да имаат цврсти докази кој се договарал, кога и за кои производи. Исто така наведуваат дека ако претпријатијата самите го пријават своето учество во забрането договарање, можат да добијат ослободување или намалување на глобата.

Вицепремиерот Битиќи и пред неколку месеци, кога имаше сериозен скок на цените достави претставка до Комисијата, но епилог се уште нема.

Законот пак за нефер трговски практики е во собраниска процедура. Министерот Бектеши очекува пратениците да го изгласаат и со него да се стави крај на проблемите со цените.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе