Вести Економија Македонија Најважни

Цените на некои производи пораснаа, Битиќи тврди нема основ за тоа

Гарантираната цена падна, дел од производите поскапеа. Кај некои има зголемување и за  околу 20 отсто. Но, вицепремиерот Битиќи не гледа причина зошто со укинување на мерката би цените би пораснале.  Анализите покажуваат дека на светските берзи сите суровини се со пониски цени и тоа би требало да влијае и на домашниот пазар.

-На глобалните пазари сите суровини на сите берзи се намалени тоа значи дека реално нема потреба на зголемување на цените ниту на  готовите  ниту на оние кои се произведуваат, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи

Смета дека не би било во ред во услови кога цените на берзите паѓаат, кај нас да растат. Повторно ја повика Комисијата за заштита на конкуренцијата да постапува и да биде поактивна.

-Ако има евентуално зголемување во тој случај на намалени цени на суровините сметам дека не е адекватно имам искуство толку и имам работено во бизнис секторот. Комисијата има една претставка има нов состав и да ја забрзаат работата и едноставно да им излезат на граѓаните. Сметам дека и искуствата во другите земји и во регионот кажуваат дека ваквата комисија е поагилна и во ЕУ и не оставаат простор на организиран начин да се зголемуваат цените надвор од тоа што е логично зголемување, додава Битиќи.

Поголема активност од Комисијата вчера побараа и дел од експертите. Посочија дека има закон, по кој тие можат веднаш да делуваат  ако има сериозен скок на цените.

Од Комисијата пак за Телма одговорија  дека за да утврдат договарање на цени мора да имаат цврсти докази или сомнежи,  кој се договарал,  кога и за кои производи.  А ако претпријатијата самите го пријават своето учество во забранет договор можат да добијат ослободување или намалување на глобата.

-Досега Комисијата нема конкретни индиции за постоење на забранет договор помеѓу одредени синџири на супермаркети за одредени производи. Комисијата може да изврши прибавување на податоци на лице место, кое претставува еден вид на претрес но за да го направи тоа потребно е да има силни индиции за недозволено договарање на цени.  Комисијата може да поведе постапка по службена должност или на барање на странка која има легитимен интерес, се вели во дописот од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Ги повикаа сите кои имаат сомнежи да се обратат, а можат да  побараат да останат  анонимни.

Со Законот за нефер трговски практики  се очекува да се зголеми капацитетот на ова тело со нови три вработувања, а за над  2.000 производи да се ограничи маржата на 10 отсто.

Инаку, со Законот за нефер трговски практики  се очекува да се зголеми капацитетот на ова тело со нови три вработувања, а за над  2.000 производи да се ограничи маржата на 10 отсто.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе