Вести Култура Македонија

Во Скопје од 1-ви март до почетокот на април ќе се слави Празникот на Франкофонијата

Со разнолика филмска програма, концерти и изложби во Скопје од 1 март до почетокот на април, а на 4 април и во Битола ќе се слави Празникот на Франкофонијата. Македонија е полноправна членка на оваа Меѓународната организација на Франкофонијата од 2006, а во неа се обединети 88 земји.

Со гала филмска вечер и проекција на филмот „СТРАСТА НА ДОДЕН БУФАН“ во режија на Тран Ан Хунг, каде главните улоги ги играат Жилиет Бинош, Беноа Мажимел и Емануел Саленже во петок започнува месецот на Франкофонијата кој ќе трае до 4-ти април. Во годинашната програма за „Празник на франкофонијата“ се предвидени концерти на истакнати музичари, недела на франкофонски филм, натпревар по изразно читање и изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам.  Францускиот јазик е јазик на културата, јазик на уметноста, на умешноста на живеењето, јазик на гастрономијата. Но, францускиот јазик е исто така и јазик на правото, деловен јазик и еден од двата работни јазици на Европската Унија, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

  • За земјите кои се членки на Европската Унија и кои по вокација би требало да и се приклучат на ЕУ е корисен јазик поради својот посебен статус. Станува збор и за своевидна меѓународна организација Франкофонијата во која се обединети 88 земји кои што го споделуваат францускиот јазик иако сите држави немаат ист статус во рамки на организацијата со голем број на специјализирани агенции, но исто така и редовни политички состаноци, Самит на секои две години на кои учествуваат шефовите на држави и Влади и следниот ќе се одржи во месец ноември во Франција, во новиот институт за франкофонија францускиот јазик- Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во РСМ.

Франкофонијата е простор на споделени вредности во кој повеќето јазици може да коегзистираат, забележа швајцарската амбасадорка Вероника Улман. За културната разноликост и отвореноста кон светот францускиот јазик служи како мост за разбирање во глобаризиран свет каде англискиот јазик предничи, додаде Улман.

  • Франкофонијата дава дополнителна вредност културна димензија и вредности за да може нели да се знае јазикот не само граматички, туку многу пошироко, да се отворат нови перспективи и култури- Вероника Улман , амбасадорка на Швајцарија во РСМ.  

Знаењето на еден јазик се обновува и низ начинот на кој се конципра и телевизиската програмата на пример, тој меѓукултурен дијалог на различности.

  • Можеби нема да бидам многу прецизен за да не правам публицитет за одредена телевизиска куќа, но денес на македонските национални телевизии имате можност да погледнете француски серии кој што се со одличен квалитет од нова продукција и за сите оние кои што го изучувале францускиот јазик повеќе години, но немале можност потоа да го практикуваат ве поканувам да ги гледате тие серии затоа што така се обновува знаењето на јазикот. Разликата помеѓу серија и филм е следна: филмот трае два часа и толку, а серијата е редовен состанок еднаш неделно понекогаш и два пати неделно и повторно може да се фамијализирате со тој јазик и богатство е да можете да контактирате со јазикот- Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во РСМ.

Чествувањто на „Празникот на франкофонијата“ е реализирано во пријателска соработка со амбасадите на државите членки на меѓународната организација на Франкофонијата Швајцарија, Романија, Грција, Белгија, Бугарија и Албанија.

Нина Стефснова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Во ДИК пристигнат само еден приговор за постапката за гласање во Липково

Дејан Дејан

„Вреди“ нема да тргуваат со гласовите на гласачите, ДУИ градат конечен став

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе