Вести Македонија Топ вести

Поскапуваат пиперките, доматите, кромидот, краставиците, паѓаат намалените царински давачки, но и гарантираната цена

Пред граѓаните е нов ценовен шок. Од идниот месец поскапува дел од зеленчукот.  За пет дена, односно на 28 февруари истекува мерката со која на 10 отсто се намали царинската давачка за кромидот, празот, карфиолот, брокулата, морковот, тиквичките, модриот патлиџан, свежите домати, краставиците и пиперки. Пред да се намали ваквата давачка за овие производи, таа изнесуваше од 30 до 65 отсто.

Намалените царински давачки стапија на сила на крајот на минатата година, а важат до крајот на месецов. Ваквата мерка се воведе затоа што зеленчукот  и овошјето значително поскапеа, па се направи обид да се ублажи ударот од ценовниот шок.

Но, со оглед на тоа што овие производи од земјите членки на ЦЕФТА се внесуваат во земјава без царина, со истекот на мерката за намалената давачка  најверојатно ќе поскапи увозот а со тоа и самит производ  само на дел од зеленчукот кои се внесува тука од државите од ЕУ, но и сите други останати земји.

На крајот на месецов истекува и мерката за гарантирана цени, со која се под мраз основните прехрамбените производи. Министерството за економија нема да ги продолжи мерките. Се надеваат дека законот  за нефер трговски практики, ќе го реши проблемот со цените.

Очекуваме ова законско решение кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаме да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделски производи, порачаа од Министерството за економија. 

Во меѓувреме основната порошувачка кошница руши рекорди.

Според, последните податоци на ССМ, на едно четиричлено семејство му се потребни речиси 1.000 евра за да го истурка месецот. Најмногу пари одат на храна и пијалоци. Граѓаните коментираат дека никогаш не било поскапо и дека постојано се зборува за високите цени, но ништо до сега не помогнало за да се ублажи ценовениот шок.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе