Спорт Фудбал

Фудбалот влегува во нова ера: Се воведува син картон и 10 минутна суспензија

Фудбалот наскоро ќе влезе во нова експериментална ера, бидејќи оние кои ги креираат правилата на играта планираат да воведат и син картон за време на натпреварите. Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи се очекува утре официјално да ја презентира идејата.

Покрај жолтите и црвените картони кои се употребуваат во фудбалот од Светското првенство во 1970 година за да се санкционираат играчите, во иднина судиите можеби ќе покажуваат и сини картони.

Се очекува првите експериментални натпревари да бидат во некоја од пониските професионални лиги, бидејќи елитниот фудбал на почеток ќе биде исклучен од пробниот период. Син картон ќе се доделува ако фудбалерот направи намерен прекршок со кој ќе се прекине опасна акција на противникот или чиста шанса за гол, но и за недолично однесување кон судијата. Ваквата санкција ќе значи дека фудбалерот ќе мора да го напушти натпреварот на 10 минути.

Два сини картони или комбинација од жолт и син картон, автоматски ќе значи исклучување, односно црвен картон.

Можно е синиот картон да биде употребуван и во англискиот ФА Куп веќе од следната сезона, но не на сите натпревари. Интересно е тоа што УЕФА и претседателот Александер Чеферин уште минатата недела ја офрлија оваа идеја за син картон во фудбалот. Барем засега ова ново правило нема да биде тестирано на натпревари организирани од УЕФА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе