Кошарка Спорт

Бостон сигурен против Атланта, Клиперс ги стигна заморот (ВИДЕО)

Најдобриот тим во лигата Бостон со 125-117 ја совлада Атланта. Кристапс Порцингис со 31 поен ги предводеше Селтикс. Целата прва петорка на домашниот тим имаше двоцифрен ефект во нападот, па Џејсон Тејтум реализираше 20, Дерик Вајт 21, Џејлен Браун 15, а Ал Хорфорд 14 поени. Садик Беј со 25 поени најмногу се истакна кај Хоукс.

Лос Анџелес клиперс беа во серија од четири победи по ред по што се искачија на врвот во Западната конференција, но утринава загубија на домашен паркет од Њу Орлеанс со 106-117. Заморот ги стигна Клиперс, кои го одиграа осмиот натпревар во 13 дена. Си Џеј Мекалум со 25 поени ги предводеше Пеликанс, а Зајон Вилијамсон имаше 21 поен и 10 асистенции. Кај Клиперс, најефикасен беше Џејмс Харден со 19 поени.

Голден Стејт славеше на гости кај Филаделфија со 127-104, а гостински триумфи остварија и Торонто, Кливленд и Детроит, додека Мајами пред своите гледачи беше подобар од Сан Антонио со 116-104.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе