Вести Култура

Модна изложба „Носиме уметност“ – омаж за Пикасо и кубизмот

Во Францускиот институт во Скопје вечерва беше отворена модната изложба „Носиме УМЕТНОСТ“ составена од креации на студентите на Катедрата за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, под креативно водство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева. Преку избор на овие модни креации, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Шпанија продолжуваат со омаж на еден од најголемите сликари на дваесеттиот век Пикасо.

„Изложба на тема мода и Пикасо, симбол кој секако ги обединува нашите три земји Шпанија, Франција и Северна Македонија. Инаку Пикасо по потекло е од Шпанија, живееше и во Франција, а секако дека се вклучи во тоа движење на солидарност со Скопје по земјотресот, дарувајќи едно дело кое за жал не е секогаш на располагање за публиката да може да го види“, изјави Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје.

„Навистина ни е драго што имаме можност да ја видиме оваа изложба денес. Таа е потврда за успехот на настанот од декември, потврда за Вашата креативност и на Вашите студенти. Низ креациите се разоткрива инспиративноста на Пикасо и како што претходно беше споменато таа ги поврзува нашите три земји во овој случај низ модата и мислам дека тоа е добро одбран симбол и импересионирана сум“, изјави Ана Гарсија, заменичка на амбасадорот на Шпанија.

„Нас ни оддалеку не ни е амбиција да се мериме со генијалноста на Пикасо, но мене лично ми е една од фасцинациите и уметници од минатиот век. Јас завршив ликовна академија така што добро ја познавам и ликовната уметност  и модниот дизајн. Повеќе ми беше интересен педагошкиот момент, така што многу беше важно студентите да ја разберат важноста на кубизмот како правец и на некој начин Пикасо бил доста арогантен во однос на тоа какви се правила скршил во уметноста и какви се врати тоа потоа отворило. Јас не можам да надокнадувам недостатоци и дупки во образованието, но кога можам да намправам фокус во уметноста тоа го правам“, изјави проф. Лидија Георгиева одКатедра за дизајн на текстил при Технолошко-металуршкиот факултет.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе