Кошарка Спорт

Вориорс играа во чест на прерано починатиот Милојевиќ (ВИДЕО)

Голден Стејт утринава го одигра првиот натпревар во НБА-лигата по пауза од осум дена поради ненадејната смрт на помошникот тренер Дејан Милојевиќ, кој имаше срцев удар за време на тимската вечера во ресторан во Солт Лејк Сити. Пред натпреварот во Сан Франциско против Атланта, сите играчи на Вориорс носеа дресови со името на српскиот стратег. Потоа имаа облечено и маици на кои пишуваше „брате“ во чест на Милојевиќ. Вориорс славеа со 134-112, а Стеф Кари и Џонатан Куминга беа најефикасни со по 25 поени, еден поен помалку имаше Клеј Томсон.

Феникс го совлада Далас со 132-109 на гостински паркет и ја запиша седмата победа по ред во НБА-лигата. Девин Букер одигра уште еден одличен натпревар и постигна 46 поени. Бредли Бил имаше 20, а Кевин Дурент 12 за Санс. Во таборот на Маверикс, кои го запишаа четвртиот пораз по ред, најефикасен беше Лука Дончиќ со 34 поени, но отсуствуваше Кајри Ирвинг поради повреда.

Најдобрите два тима на Западот Минесота и Оклахома славеа гостински победи против Вашингтон, односно Сан Антонио. Милвоки го совлада Кливленд со 126-116, а победија и Детроит, Мемфис и Портланд, кој во продолжението славеше на гостувањето кај Хјустон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе