Вести Македонија Спорт

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина

Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турнирот од светската лига што викендов се одржа во Атина. Во борбата за трето место тој го совлада претставникот на домаќините, Евангелос Сереметакис со 1-0.

Во елиминацискиот дел од турнирот Заборски забележа четири победи, но загуби во полуфиналето од Мохамед Абудабус откако борбата заврши со резултат 3-3. Членот на скопски „Макпетрол“ се натпреваруваше во категоријата под 75 килограми.

  • Среќен сум што почетокот на годината го крунисав со медал од Светската карате лига каде што се натпреваруваат најдобрите каратисти од целиот свет. Во борбата за трето место влегов сосема сконцентриран и опуштен, со оглед на мојата физичка и психичка подготвеност, а секако и познавајќи ги тактиките на мојот противник. Ги почитувам сите натпреварувачи и противници подеднакво и секој од нас сака да стане медалист. Среќен сум што во континуитет освојувам медали од најсилните натпревари на светската карате премиер лига – изјави Заборски.

На турнирот главниот град на Грција беа пријавени делегации од 81 држава, со 1094 спортисти. Сениорскиот тим на „Макпетрол“ учествуваше со осум претставници во машка и во женска конкуренција. Покрај Заборски, меѓу натпреварувачите беа и Петар Спасеновски (-84 кг.), Давид Петков (-67 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.),  Симона Заборска (-55 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Јована Мицовска (-61 кг.).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе