Култура

Писателот Стефан Марковски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ

Поделбите и конфронтациите во Друштвото на писателите на Македонија, со посредство на влијателни личности од литературната сцена и наука и злоупотребата на потписите на дел од членството од страна на друга група членови на писателската асоцијација , што се случи по неуспешното Вонредно изборно собрание лани во ноемви, поради немање кворум, се причините писателот Стефан Марковски да ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ . Неговото повлекување се случува во пресрет на продолжението на Изборното собрание, закажано за 27 јануари. Покрај Марковски, кандидатурите за претседател на Друштвото ги повлекоа уште двајца членови на писателската асоцијација.

Писателот Стефан Марковски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ, во пресрет на продолжението на Вонредното изборно собрание, закажано за 27 јануари. Во соопштението , Марковски, како причини за повлекувањето од изборниот процес, ги наведува внатрешните поделби во Друштвото, конфронтациите за, како што вели, добивање позиции по секоја цена, а со тоа и влијание, но и злоупотребата на потписите на дел од членството од друга група членови, по неуспешното одржување на Изборното собрание лани, на 25 ноември, поради немање кворум .

  • Со учество на Изборно собрание во такви околности се дава незаслужен легитимитет на некнижевната и неестетски-заснована, дури и исфорсирана поделба и конфронтација, со посредство на некои влијателни личности во литературата и литературната наука, која не ги ни бира своите методи за групно дејствување, па и обиди за елиминирање или потиснување на цели авторски опуси од книжевната историја, вели писателот Стефан Марковски.

Не смее да се дозволи, да продолжи деградирањето на ДПМ. Потребни се напори за надминување на овие детски болести, без кои, Марковски  не верува дека ќе се подобри функционирањето на Друштвото. По повлекувањето на неговата, останува кандидатурата на Иван Антоновски, за претседател на Собранието на ДПМ. А, во трката за претседатели на Друштвото останаа Блаже Миневски и Мирче Нешовски, откако кандидатурите за претседател на Асоцијацијата пред Изборното собрание во ноември, ги повлекоа Гоце Ристовски и Живко Грозданоски. Ристовски, поради разединетост во Друштвото, а Грозданоски, поради друг ангажман. На продолжението на Вонредното изборно собрание ќе се бираат и членови на Претседателството и на други тела на ДПМ. Собранието следува, откако лани во октомври мнозинството членови од Претседателството поднесоа оставки, незадоволни од работата на претседателот Христо Петрески, по што и тој се повлече од функцијата, по пиши- бриши оставките.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе