Вести Култура

Тетово под маски во предвечерието на Христовото раѓање Божиќ

Традицијата на маскенбал на Бадник, која е специфична само за овој град, жителите ја продолжија и оваа година. Која маска ќе се одбере, се осмислува денови наназад, за да се биде уникатен.

-Традицијата на Бадник во Тетово е да се „преправиме“. Сите облекуваме маски. Секој си има индивидуална маска и секој го дава максимумот за себеси да си биде уникатен и идеален.

-Да се одржи традицијата, а забавно ни е, да правиме маски да излегуваме. Со текот на годините се покреативни маски. Обично порано сѐ нешто купено, ама сега гледам низ град доста креативни маски се потрудиле сите, велат граѓаните.

Бадникарските случувања ги следат локалните новинари, кои атмосферата во градот ја пренесуваат преку медиумите, а во поновреме актуелни се социјалните мрежи, каде се објавуваат фотографии од маскирани тетовчани. Целокупната оценка е дека секоја година се сѐ покреативни, поради што иницијативата оваа традиција да прерасне во манифестација заслужува да се реализира.

И сега и порано децата, штом ќе се стемни и одат од куќа на куќа, ја пејат онаа традиционалната песна „Бадњабаба“, која, јас мислам, е карактеристична само за Тетово, не знам дали во другите градови таа песна се пее. Порано најчесто одеа децата, одеа некои постари, но тоа најчесто во маалото кај некој познати. За разлика од тоа сега гледаме сите кафулиња се полни, сите млади се маскирани. Многу се креативни. И минатите и оваа година што видовме некои маски навистина треба доста време да се осмисли и не само тоа доста време и да се направи таа маска, тоа не се едноставни маски, има креативност и идеи големи. Убаво би било еден ден да се прошета низ Тетово и да ги видат сите, да добиеме една убава манифестација, вели новинарот зоран андонов.

Дел од традицијата за Бадник во Тетово е и палењето на оган во вечерните часови речиси во сите градски маала.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе