Вести Македонија

Детали за инцидентот во кулата на контролата на летање, сопруг на вработена во М-Нав тепал, функционер на ДУИ ги пуштил насилниците- кој се учествувал во упадот во М-Нав и нападот врз контролори на летање

Последна информација: Беким Незири од ДУИ (поранешен министер за економија) е во полициска стница во Автокоманда по упадот во контролата на летање, потврдија за Телма, полициски извори.

Како се случил инцидентот

Инцидентот се случил околу 15:15 часот. По прес конференцијата на Синдикатот на М-НАВ ( вчера претседателот на синдикатот Александар Тасевски бил повикан во полиција откако двајца директори на ДУИ го пријавиле за закани) на која беа обелоденети и определени сомнежи за злоупотреба на менаџментот, две возила пристигнале без никаков проблем на пакингот пред зградата на контролата на летање, познатата Кула.

Претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, Беким Незири, со картичка пропуштил седум луѓе кои не биле вработени во контролата и каде за невработени е невозможно да се влезе беа безбедносни проверки и посебни дозволи за влез.

Групата од 8 луѓе во објектот од кој се надгледува и осигурува безбедноста на авиосообраќајот над Македонија, дошла до вработениот П.Б. Му замериле зошто бил со синдикатот, а не со партијата.

Насилникот Е.С. (близок соработник на Беким Незири) дошол и го удрил контролорот, по што Незири почнал да му вика и да му се заканува. Настанала вербална расправија, по што нападнатиот контролор пријавил на полиција. Насилниците им викале на уште двајца контролори-Албанци.

Напаѓачот Е.С. всушност бил сопруг на нововработена во М-НАВ која таму засновала работен однос пред неколку месеци, кога почнаа барањата на синдикатот наместо партиски кадри на непотребни позиции да се примаат стручни лица на потребните места за да се задржи безбедноста на авио-сообраќајот.

Полицијата соопшти дека 4 лица биле повикани на разговор во станица, а според информациите на Телма меѓу повиканите бил и партискиот функционер на ДУИ Беким Незири кој бил повикан во полициска станица Газибаба, во Автокоманда. По уште 4 лица кои упаднаа во МНАВ се трага.

Поради безбедност на НАТО авиони-реагирале и странски амбасади, објави сдк.мк

Веб медиумот sdk.mk објави дека по инцидетот реагирале и странски амбасади на некои од државите-партнери на Македонија во НАТО.

-Некои од нив го покренале прашањето како овој напад би се одразил на безбедноста на воздухопловите на НАТО, објави sdk.mk.

Следуваше иницијатива на премиерот Ковачевски за инцидентот да се расправа на владина седница на 9-ти јануари за да се разреши менаџментот кој донесе хаос и насилство во зградата на Кулата на летање.

Во моментот тричлениот Управен одборт има само двајца членови, претседател на УО и извршниот директор Фахрудин Хамиди и Хасим Деари. Третиот член на Управниот одбор на М-НАВ, Љубе Стаменковски, минатата недела даде оставка поради случувањата во компанијата.

Дали насилниците и функционерот на ДУИ ја нарушиле безбедноста на авио-сообраќајот 

Полициската истрага во моментот се води за кривично дело „насилство“, но насилниците кои упаднаа во зградата на Контролата на летање со помош на советникот на директорот и функционер на ДУИ Беким Незири на тој начин можеле да влијаат и на безбедноста на воздушниот сообраќај.

За такви активности е предвидено и кривично дело со сериозни казни. Станува збор за член 303 од Кривичниот законик за делото „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“. Во ставот 1 на овој член е предвидено:
Тој што во воздухоплов ќе внесе експлозивна или слична направа или супстанција, ќе ги уништи или оштети уредите за навигација или ќе предизвика друга штета на воздухопловот, ќе даде лажни известувања во врска со летот, непрописно или неправилно ќе управува со летот, ќе изврши акт на насилство на лице во воздухопловот за време на летот, ќе ја пропушти должноста за надзор врз безбедноста на воздушниот сообраќај или на друг начин ќе ја доведе во опасност безбедноста на летот во воздухопловот, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Во болдираниот дел од членот, обвинителството може да бара одговорност за функционерот и за насилниците кои тој ги пуштил во објектот каде се врши надзор врз безбедноста на авио-сообраќајот.

ПРЕТХОДНО ОБЈАВЕНО: АЛСАТ-М повикувајќи се на свои извори објави дека упадот врз контролори на летање во М-нав денеска го водел претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир Беким Незири. Денеска после прес конференцијата на синдикатот на М-НАВ кога беа откриени повеќе злоупотреби на менаџментот на М-НАВ, повеќе лица меѓу кои и вработен во контролата на летање успеале надвор од сите безбедносни процедури да влезат во кулата на контролата на летање на аеродромот и во објектот да нападнат тројца контролори на летање.

Упадот според Алсат го водел функционерот на ДУИ Беким Незири кој е и поранешен министер за економија. Друг член на бандата која упаднала во контролата на летање, задолжена за безбедност на воздухопловниот сообраќај во државата, бил и сопруг на жена која пред неколку месеци била вработена во Навигација. Според информациите на Телма со иницијали Е.С. претходно имал и условна затворска казна за насилен инцидент со нстрадан човек при пукање.

Во инцидентот, според нашите информации, своја улога имал и полицаец.

Полицијата го потврди пријавувањето на инцидентот, но објави само иницијали од напаѓачот кој е вработен во М-НАВ каде заедно со членови на ДУИ ги напаѓал и тепал колегите кои преку синдикатот се бунеле за злоупотребите на актуелното раководство и распишаните огласи за нови вработувања.

Иницијалот на водачот на нападот Б.Н. соодвествуваат со името на Беким Незири кој е ангажиран како советник во М-НАВ.

Од ДУИ засега нема реакција за овој упад во М-НАВ за што се посочени нивни членови. Нема ниту реакција од партискиот портпарол, министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше претседател на чирскиот огранок на ДУИ пред официјално да биде избран Беким Незири.

Со упадот во контролата на летање и нпадот врз вработени може да се влијае и врз безбедноста на воздушниот сообраќај. Станува збор за сериозно и тешко кривично дело за кое според кривичниот законик е предвидена и казна од една до десет години затвор.

Миомир Серафиновиќ

МВР за насилниот упад во МНав: 4-ца насилници се во станица, полицијата ќе ја обезбедува контролата на летање на скопскиот аеродром

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе