Борба против Лажни вести Вести Македонија

Вештачка интелигенција – уништувач на вистината или технологија за напредок?

Ова е еден од неколкуте примери кои покажуваат како преку вештачката интелигенција се создаваат дезинформации. На видеото се гледа како претседателот на Украина, Володимир Зеленски им соопштува на своите војници да ја предадат борбата против Русија. Ова видео стана едно од највиралните, го преплави светот и стана топ-вест во извештаите за руската агресија врз Украина. А всушност, ова видео воопшто не се поклопува со реалноста – тоа, колку и да изгледа автентично, всушност е лажно.

„Во моментов имаме примена на вештачка интелигенција на многу полиња, иако често таа не е толку јасно претставена како вештачка интелигенција затоа што често има и различни перцепции во медиумите или во популарната култура во филмовите за тоа како таа вештачка интелигенција функционира, изгледа како да се само свесни роботи или терминатори и слично“, вели Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис.

Друг пример на „лажни фотографии или видео материјали“ беше и папата Франциско облечен во пуфер јакна, а за кои многу јавни личности изјавија дека поверувале во нивната веродостојност, за потоа да додадат дека „нема шанси да ја преживеат иднината на технологијата“.

„Случајот кој што се случи Во Словачка каде што лажни бомби односно аудио снимки влијаеше на изборите. Такви обиди имаше и во Косово, а очекуваме и дека во наредната година со изборите циклуси коишто доаѓаат и на национално ниво како кај нас а и на регионално или европско ниво како изборите за европскиот парламент ќе има обиди да се користи вештачка интелигенција за дезинформации за да се измамат граѓаните во корист на антидемократски сили. Затоа е многу важно сите да бидеме едуцирани колку што можеме за можностите на новите технологии, да може и за тоа како во една форма на медиумска писменост секој од нас може да препознае дали има некои манипулации“, вели Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис.

Една од најранливите категории се младите кои се најизложени на ова влијание, со оглед на нивното активно користење на социјалните мрежи. Потребно е правилно користење на алатките базирани на вештачка интелигенција, во спротивно неизбежни се последиците по менталното здравје, но и загрозување на човековите права велат од фонадацијата Метаморфозис. 

Сепак, употребата на вештачка интелигенција се покажува како менувач на играта кога станува збор за медицината. Последната новина токму со оваа технологија, е дека по 60 години, откирени се нови антибиотици за бактеријата МРСА, која беше отпорна на старите лекови.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе