Вести Македонија

Дали дрвцата засадени од партијата се фатија или служат само за политички преписки

Во 2007-ма почнаа маестро Трајанов и Бубо Каров, денес партиите се расправаат за пошумувањето

Иста кампања, различен слоган. По безмалку седумнаесет години од граѓанската иницијатива „Засади дрво, засади ја својата иднина“, СДСМ со акција под мотото „Повеќе зелено“.

Се огласи ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека владејачката партија ја копира нивната идеја од 2008-ма година. Од опозицијата велат дека им ги поставуваат истите прашања кои пред деценија и пол години ги поставиле од СДСМ кога се одвивала акцијата „ден на дрвото“: од каде се парите за акцијата, каде се засадени илјадниците садници и дали ова е пералница на пари.

Социјалдемократите со својот подмладок денеска пошумуваа на пет локации. Од партијата информираат дека на овие локации се засадени над 10 илјади садници. Дел од подрачјата во изминатите години биле опожарени.

Инаку акцијата „Засади дрво“ почна како граѓанска иницијатива, а прв во иницијативата беше маестро Борис Трајанов. Во иницијативата која првпат излезе на терен во 2007-ма беа и други познати личности и активисти.

Една година подоцна, владата на Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ ја помогна акцијата, но, потоа поради извонредниот одзив на граѓаните во акциите за пошумување, целосно ја презде и политизира „Засади дрво“.

Во тоа време СДСМ постојано критикуваше дека дрвцата не се фаќаат и дека премногу пари на граѓаните се трошат без да има финансиски отчет за потрошеното. По доаѓање на СДСМ на власт во 2017-та, акцијата замре и не продолжи поради тоа што не беа издвоени пари во буџетот.

Но, екологијата која е важна за здравјето на граѓаните и нивниот интерес за животната средина, постојано ги принудува партиите да се вратат на тие теми и покрај сегашните и минатите грешки. А најлесно е да се фатат за дрвцата и да засадуваат или да го коментираат ривалот за тие активности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран оптимистичен за склучување на договор со САД со што би се отворил Ормутскиот теснец

Tea Dimkovska

Притвор за 36-годишник кој се сомничи дека во повеќе наврати извршил силување на 12-годишно дете

Tea Dimkovska

Швајцарците на референдум ќе одлучуваат дали населението треба да се ограничи на 10 милиони жители

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе