Вести Македонија Најважни

Се прегледувале сигурносни камери, се пребарувало коритото на Вардар, цркви и манастири – МВР продолжува со потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска

Пронаоѓањето на14-годишната Вања Ѓорчевска е најважен приоритет на Секторот за внатрешни работи Скопје и има и специјален штаб кој работи заедно со родителите, пријателите, познаниците и соучениците на девојчето. Секојдневно се преземаат низа на активности и вклучени се неколку стотини полициски службеници кои работата на случајот. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој беше во посета на СВР Скопје и имаше средба со началникот кој го предводи Специјалниот штаб.

  • „Преку 50 камери, односно места каде што имало камери се преземени и прегледани. Целосно е во функција системот Safe city во кој што исто така се преземаат низа мерки. Сите податоци кои што се од телеком операторите кои исто така може да бидат важни. Десетици и десетици лица кои што се сослушани и од кои што се земени информации и податоци за да може да се добијат некакви информации во однос на целиот овој настан. Преземени се електронски уреди од семејството и од девојчето кои што се вештачат. Еден дел се земени податоци. Веќе имаме одредени податоци од овие електронски уреди. Исто така кои што можат да бидат од корист на истрагата и целата оваа постапка“,  изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Петти ден се трага по Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрината откако го напуштила нејзиниот дом и требало да се упати кон нејзиното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во центарот на градот.

  • „Се пребаруваше и речното корито на Вардар. Се пребаруваа и сите подрумски простории. Не само во околината туку и малку пошироко. Се работеше на пребарување, односно добивање на податоци на информации од црквите, манастирите кои што се во близина на Скопје. Така да една опсежна активност и тука нема да се застане. Значи интензивно работиме“, рече Спасовски.

Спасовски додаде и дека се преземаат мерки за сите профили на социјалните мрежи кои објавуваат лажни информации за случајот и дел од личностите кои стојат зад нив се повикани во полициска станица, а таму каде што ќе се утврди и дека ја загрозуваат безбедноста и истрагата и прават штета во јавноста ќе се вклучи и обвинителството.

Системот „Сејф Сити“ функционира, но Спасовски не кажа дали на некоја од камерите е забележана и Ѓрочевска.

  • „Никакви детални информации сега во овој момент не можеме да дадеме. Јас ви кажав дека можеме да споделиме податоци, информации за постапката, што е тоа што се презема и тоа е. Секогаш кога ќе имаме релевантен податок, кој што ќе треба да се сподели со јавноста, тоа ќе го направиме“, додаде министерот.

Според Спасовски, системот за препознавање на лице односно „Фејс рекогнишан“ ќе биде инсталиран на 10-ти декември. Во потрагата се вклучи и Интерпол, кој во средата објави информации за исчезнувањето на Ѓорчевска.

На малолетничката и се губи трага во Дебар Маало во центарот на Скопје за време на утринскиот сообраќаен шпиц. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на булеварот „Партизански одреди” спроти Универзалната сала.

Според описот на потерницата таа е висока 175 см, тешка е 58 кг, има кафена коса и очи, носи протези и има бемка на десна страна од лицето. Таа била облечена во син блузон, црна јакна и црни фармерки со странични џебови и бели патики со кафеави линии. Со себе носела и ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

Ова не е единствениот случај на исчезнато дете во земјава по кое што трага полицијата.Во последните три години во Македонија исчезнале повеќе од 70 малолетници, но најголем број од нив се пронајдени. На сајтот на МВР се уште се активни потрагите по шест деца.

Според Европскиот центар за исчезнати деца, 300.000 деца исчезнуваат секоја година. Секој што има каква било информација за 14-годишната Вања, да пријави на 112.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе