Борба против Лажни вести Вести Македонија

Крвничкото претепување на вработен во Техномаркет се случило во септември – МВР соопшти дека насилниците се уапсени и апелираше да не се шират лажни вести

Видеото на кое две лица крвнички претепуваат вработен во Техномаркет е инцидент од пред повеќе од еден месец. Откако дел од медиумите почнаа да го пренесуваат како денешна вест, МВР  преку соопштение информираше дека инцидентот се случил во септември а насилниците се веќе приведени.И двајцата го признале делото и заработиле кривична пријава. Им бил определен и домашен притвор.

,,Имено, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 25.09.2023 ги лишиле од слобода Ф.В.(25) и А.Ф.(33), двајцата од Скопје поради основано сомнение дека на 20.09.2023 во продажен објект кај арената „Тоше Проески“ физички го нападнале вработениот А.В. од Скопје.” – стои во полициското соопштение.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе