Вести Економија Македонија Најважни

По ревизијата Собранието ќе одлучува за раскинување на соработката со Синохидро- премиерот Ковачевски стравува од судската постaпка пред арбитражниот суд во Париз

На автопатот Кичево – Охрид нема да помине првиот автомобил во јануари наредната година. 11 нови свлечишта предизвикале застој во работата, а според владата вината е во лошото проектирање. Сега две ревизии треба да дадат одговор дали се раскинува договорот со кинескиот изведувач Синохидро. Но, колкави пенали ќе платиме ако дојде до судски спор владата не знае. Ова е веста на денот еве ги останатите содржини.

Нема да има црвена лента и панделка, ниту свечени и пофални изјави, ниту, пак, големо фала за кинескиот изведувач Синохидро на истекот од рокот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид на 31.12 2013-тата година. Новата година државата ќе ја дочека без 10 години најавуваната делница, а се поизвесно е дека и кинескиот инвеститор ќе треба да го напушти градилиштето, по најавите на премиерот дека по анализите од независниот експерт за начинот на градба собранието ќе мора да одлучи- продолжуваме со Синохидро или бараме нов изведувач.

Погрешиле проектантите кои в цртале автопат во планина која се рони на допир со тешката механизација, впери прст Ковачевски. Не успеале ниту кинеските експерти да се справат со проблемите на терен сите овие години. Но, владата не е виновна иако не се отфрла можност ако договорот не се продолжи со ново законско решение, државата да се соочи со тужба и пенали.

11 нови свлечиште за кои се потребни месеци и години се појавиле изминатите месеци на трасата. Додека транспорт и врски го бараат Фидик експертот, финансискиот проект кој државата ја чинеше 600 милиони евра до сега е на ревизија и во државниот завод. По двете анализи, пратениците ќе треба да одлучат дали Синохидро добива нова можност или дефинитивен крај на соработката.

До владата се уште нема барање за средба, иако претставници на кинеската компанија синоќа биле на средба во јавното претпријатие за државни патишта ,но без детали за јавноста што се разговарало зад затворени врати. За одговорност за изборот на Синохидро запре и кривичното гонење против експремиерот Никола Груевски, и тогашните функционери Владимир Пешевски, Миле Јанакиевски и Љупчо Георгиевски заради измените на кривичниот законик.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе