Вести Економија Топ вести

Цигарите нема да поскапат од утре, туку од 1-ви јануари

Од утре нема да поскапат цигарите за пет денари, туку спаува  во сила одлуката за промена на акцизата, но поскапувањето нема да се случи сега, туку од први јануари идната година.

Наши извори велат дека станува збор за недоразбирање во толкувањето на законските измени, поради што и дошло до некои медиумски објави за наводно поскапување на цигарите од утрешниот ден.

Се очекува надлежните набргу да излезат и со прецизни информации во текот на денот со соопштение.

Инаку, всушност во членот кој се додава со Измените на Законот за акцизите, кој од Собранието е донесен на 3 октомври годинава, односно член 124- а, се наведува дека од први јануари 2024 година заклучно со први јануари 2030 година, износот на специфичната и минималната акциза на цигарите од член 84-а (став 1) од овој закон се зголемуваат за 0,23 денари по парче на први јануари, секоја година.

На први јануари 2024 година износот на специфичната акциза на пури од член 85-а (став 1) од овој Закон, се големува за 4 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Обид за компјутерска измама со податоци на владата- Нема таква мерка од 100 евра, граѓаните да внимаваат

Дејан Дејан

Ајатолахот Хамнеи го назначи првиот потпретседател Мокбер за вршител на должноста претседател на Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе